Медиасет.мк

Медиасет

МНТ со „Кец на десетка“ ќе гостува во Кичево

Со хит претставата „Кец на десетка“, која неодамна јубилејно беше одиграна по 100-ти пат, Македонскиот народен театар ќе гостува во Домот на културата Кичево, на манифестацијата „Кичево – Град на културата 2026“ Со изведбата на „Кец на десетка“, на 5 март во 20 часот, свечено ќе биде отворена театарската програма на манифестацијата „Кичево – Град на културата 2026“. Репертоарската претстава на МНТ, која веќе девет години континуирано ја освојува публиката, носи сценска свежина, колективна актерска синергија, препознатлива динамика, духовитост и непосредна комуникација со гледачите. Токму оваа искрена и топла театарска естетика, симболично ќе ја отвори театарската програма на „Кичево – Град на културата 2026“ , манифестација која во текот на годинава најавува реализација на 150 настани – концерти, изложби, фестивали, книжевни средби, филмски и мултимедијални проекти. Со тоа, градот ја степенува важноста на културата пред домашната и регионалната публика. Со гостувањето на „Кец на десетка“, театарската уметност станува првиот гласник на оваа целогодишна прослава на културата и најавува година исполнета со разновидно живо творештво.

На почеток
error: