Шпанскиот фудбалер, Цеск Фабрегас, на социјалните мрежи се пофали дека неговата 95-годишна прабаба оздравела од коронавирусот. Таа е една од најстарите личности кои оздравеле од опасниот вирус.
Фудбалерот им се заблагодари на докторите и сестрите кои им помагаат на сите заболени од Ковид 19 ширум светот.
„Има 95 години и го победи коронавирусот. Вчера нејзиниот тест беше негативен. Мојата баба е суперхерој, но ништо не би било можно без помош на сестрите и докторите кои им помагаат на сите овие луѓе. Почит за сите од нив за тоа што го прават деноноќно и големо благодарам,“ напиша фудбалерот на Инстаграм и објави слика од својата прабаба.
https://www.instagram.com/p/B_kI71ulxNr/?utm_source=ig_embed