Медиасет.мк

Медиасет

Драма во авион: Патник гризнал член на екипаж, летот итно пренасочен

Авион на австралиската авиокомпанија Квантас бил принуден да го пренасочи летот кон САД откако патник предизвикал инцидент и наводно гризнал член на екипажот.Летот од Мелбурн кон Далас во петокот морал принудно да слета во Папете, главниот град на Француска Полинезија, поради проблематично однесување на патник, за кого медиумите наведуваат дека бил под дејство на алкохол.Според локалните медиуми, мажот бил совладан од други патници, а по слетувањето го презеле локалните власти. Компанијата му забранила понатамошно користење на летовите на „Квантас“.Од авиокомпанијата порачаа дека безбедноста на патниците и екипажот е нивен највисок приоритет и дека имаат нулта толеранција за агресивно и заканувачко однесување на летовите.

На почеток
error: