Медиасет.мк

Медиасет

Напад врз легендата на Ф1: Алан Прост повреден при грабеж во Нион

Поранешниот возач на Формула 1 и четирикратен светски шампион Алан Прост бил мета на вооружени разбојници во својот дом во швајцарскиот град Нион, при што се здобил со повреда на главата.Според информациите, напаѓачите упаднале во куќата во утринските часови и принудиле еден од неговите синови да отвори сеф. Вредноста на украдените предмети засега не е соопштена, но се претпоставува дека станува збор за голема сума.Истражителите наведуваат дека групата разбојници потоа побегнала во Франција. Прост, кој поголем дел од времето живее во Дубаи, по инцидентот одлучил да ја напушти куќата во Нион.Кантоналното обвинителство започнало кривична истрага за случајот.

На почеток
error: