Медиасет.мк

#ТРЕНД

Ќерката на Мет Дејмон е заразена со коронавирус

Популарниот холивудски актер Мет Дејмон откри дека неговата 21-годишна ќерка Алесија е заразена со коронавирусот.

„Нашата најстара ќерка оди на факултет, што е затворен поради вирусот. Сепак, таа неодамна беше во Њујорк и таа и нејзините цимери се заразија таму“, рече загрижениот татко.

Алесија е најстарата ќерка што Дејмон ја смета за своја и покрај тоа што не е нејзин биолошки татко. Дејмон со и мајката на Алесија, Лусијана Баросо, имаат три биолошки ќерки, кои се во карантин со нив.

Заразената ќерка не е со нив, а тој е во самоизолација во Ирска, каде требаше да снима филм, но поради пандемијата ги одложи сите свои деловни обврски сè до понатамошно известување.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: