Медиасет.мк

#ЏЕТ-СЕТ

Ако ја мразите работата со која се занимавате, еве кој орган прво ќе се разболи

Изврушувањето на работните задачи, односно работа која не ја сакате може да биде многу лоша за вашето здравје, а особено сте изложени на ризик ако имате претпоставен на кој не му верувате.

Истражувачите набљудувале 400.000 американски работници и откриле дека оние кои извршуваат работи на кои не им веруваат на шефовите имаат поголема веројатност да станат пушачи и имаат висок крвен притисок, дијабетес, лошо се хранат и имаат висок холестерол.

Работењето во средина со ниско ниво на доверба се дефинира како работа која не почива на разбирање, рамноправност и заемна доверба помеѓу надредениот и подредениот. Ова значи дека ако имате претпоставен кој не ве почитува и не се однесува кон вас праведно, имаате поголеми шанси да добиете некоја кардиоваскуларна болест која убива најмногу луѓе во светот.

Сето ова е делумно последица на нездравиот метод на ослободување од стресот, лошата исхрана и пушењето. Стресот има најголемо влијание и води до зголемување на крвниот притисок, што е уште еден фактор за кардиоваскуларните болести.

Ако не се лекува, кардиоваскуларната болест може да доведе до срцеви и мозочни удари и смрт. Ако имате лош шеф, нема причина да зборувате со него или да ја напуштите токсичната средина. Ако останете на таква работа, таа може да те убие.

Симптоми дека вашата работа штетно влијае на вашето здравје се замор, несоница, испрекинат сон, чести болести, болести на непцата, гадење, главоболка, недостаток на мотивација, неможноста да престанете да размислувате за работата, лошо расположение, лоша меморија, тешко донесување одлуки и чувство на раздразливост и „пукање“ поради ситници.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: