Службеничка од Министерството за финансии стана хит на социјалните мрежи, откако на „Тик Ток“, се снимила како танцува во нејзината канцеларија.
Ако може Нина да тера купони за Групер тогаш може Афија да игра чочек за Тикток во Министерство за финансии. pic.twitter.com/czmhkCBYlh
— Сербез Зага (@PravednaTavita) June 2, 2020
По објавата, таа се извини на „Фејсбук“ велејќи дека видеото го снимила минатата недела по завршување на нејзините работни обврски.
„Јавно се извинувам доколку ја ставив во несоодветна положба институцијата во која работам, а која е меѓу најпрофесионалните институции, исто така сакам да се извинам на јавноста што здоби слика дека јас како службеник во работно време се занимавам со приватни работи.“, напиша службеничката.
Од финансии изјавиле дека се разочарани од ваквото однесување на вработената и ќе бидат преземени мерки