Членот на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, рокерот Ѓорѓе Давид, во интервју за музичката телевизија „Токсик“ зборувал за работата во шоуто, за короната што ја прележа пред некој месец, но и за музиката. Тој вели дека рокот за него е најдобрата музика, ама кога оди во кафеана, сака да ја слуша Цеца.
„Јас од сите народни и турбофолк-песни знам само една песна од Цеца и мислам дека во таа песна Цеца била најискрена. Тоа е песната ‘Пустите ме да га видим’. Тоа е песна што често ја нарачувам во кафеана со пријателите. Многу малку ја познавам Цеца, се поздравуваме кога ќе се видиме. Меѓутоа, не следам што работи ни таа, а ни другите пејачи од нејзината бранша“, рекол Давид за емисијата „Детоксик“.
Пејачот и следната сезона ќе биде дел од жирито на „Гранд“, каде што кандидтите најмногу пеат народни и поп-песни, а настапуваат многу малку рокери.