Манекенката Софија Милошевиќ се мажи за фудбалерот Лука Јовиќ. Напаѓачот на Реал Мадрид ја побара трудната манекенка, на јахта, на нивниот одмор во Италија, пренесуваат странските медиуми.
Лука и подари букет цвеќе, а потоа клекна пред Софија и ја побара за жена.
Софија среќната вест ја објави на социјалните мрежи.
– Да. Благодарам што си ти, благодарам затоа што повеќе се смеам, благодарам што ме сакаш, напиша манекенката на Инстаграм.
Инаку Софија е бремена, а со фудбалерот го очекува своето прво дете.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=374593136863472&set=a.111555593167229&type=3&theater