Оскаровецот Бред Пит (56) има нова девојка, германската манекенка Никол Потуралски (27), пишува „Дејли мејл“. Весникот пренесува дека тие се на летување во јужна Франција, во замокот Шато Миравал, што глумецот го купил за 67 милиони долари во 2011 година. Двојката таму пристигнала пред три дена со приватен авион.
„Тие се бакнуваа и Бред беше многу внимателен кон неа. Беа на јавно место, но тој не се грижеше дека луѓето го гледаат. Таа е вистинска убавица и очигледно е многу помлада од него“, рекол извор за „Дејли мејл“, кој наводно ги видел глумецот и манекенката заедно.