Медиасет.мк

#ТРЕНД

(ФОТО) Кети Пери стана мајка

Кети Пери го објави раѓањето на своето прво дете со свршеникот Орландо Блум, ќерката Дејзи Доув, во средата.

„Пливаме во љубов и чудо од безбедното и здраво доаѓање на овој свет на нашата ќерка“, ја соопшти двојката радосната вест преку УНИЦЕФ – добротворната организација, во која и двајцата се амбасадори на добрата волја.

Поп-ѕвездата Пери (35) и актерот Блум (43) споделија слатка црно-бела фотографија на која ја држат малата рака на новороденчето.

Во чест на своето бебе девојче пејачката на хитот Teenage Dream има ставено бела маргаритка на нокотот на палецот додека ја држи раката на Дејзи.

На почеток
error: