Медиасет.мк

#ТРЕНД

На убиецот на Џон Ленон 11- ти пат му е одбиено барањето за помилување

На убиецот на легендарниот музичар Џон Ленон, Марк Дејвид Чепман, по единаесетти пат му е одбиено барањето за условна казна и ќе остане зад решетки најмалку уште две години, кога повторно ќе има право да бара ослободување.

Чепмен (65) издржува доживотна казна затвор во затворот Алден, откако пукаше во sвездата на Битлси во Њујорк на 8 декември 1980 година.

Одборот за помилување на Њујорк, само кратко објави дека на Чепман му е одбиено ослободување по интервјуто на 19 август, без да даде причини за одбивањето.

Во 2000 година, откако помина 20 години зад решетки, на Чепмен му беше дозволено да бара помилување за прв пат, а потоа многу познати личности, меѓу кои и партнерката на Ленон, Јоко Оно, побараа Чепмен никогаш да не биде ослободен од затвор.

На почеток
error: