Светлечка инсталација со стиховите од антологиската песна „Т’га за југ“ е поставена во паркот на поезијата во Струга.
„Поезијата ја исполнува празнината која оние 2 метри безбедна дистанца ја оставаат, и како мост нѐ поврзува, спојувајќи илјадници светови и јазици. Поезијата, како единствен, универзален јазик на универзумот, покрај метафорички, вечерва може и физички да нѐ допре, преку танцот на светло и сенки во паркот на поезијата“, стои во описот на форографијата која е објавена на фејсбук.
Со читање на антологиската „Т’га за југ“ на македонски, албански, англиски и француски, синоќа во хотелот Дрим во Струга започнаа 59-те Струшки вечери на поезијата.