Медиасет.мк

#ТРЕНД

Аца Лукас: Ќе направам концерт, на кого тоа му пречи, може да седи дома и да плаче од мака

Српскиот пејач Аца Лукас ќе одржи концерт на 29 септември во Белград. За овој настан фолкерот прозборе без влакна на јазикот.

„Во доба на пандемија ќе направам концерт, а оној на кого тоа му пречи, може да седи дома и да плаче од мака. Да сум крадец, би крадел, да сум ѕидар, би ѕидал куќи, а како пејач можам само да пеам и да правам концерти. Од тоа само будалите можат да креваат врева“, рекол Лукас за Ало.рс.

„На мојот концерт правилата за собирање ќе бидат такви какви што до тој датум ќе бидат одредени. Од друга страна, ако воопшто нема да има мерки и потреба од мерки, ќе се радуваме. Ако има забрана за собирање, ќе направам онлајн концерт преку интернет. Ако ми дозволат да пеам пред 50 луѓе, ќе пеам како да се 55.000. На еден човек ќе му пеам, ама ќе пеам за инает на сите оние кои од мене прават монструм и дигаат галама околу мојата одлука да направам концерт, продолжи Лукас, кој е бесен на оние што го обвинуваат.

„Пандемијата треба да ги исчисти сите тие идиоти, па конечно да останат само нормалните. Барем да знаеме на што сме во оваа земја во која има сè повеќе ненормални луѓе. Не можам јас еден да ги сменам сите тие будали кои сакаат да им биде лошо и не само тоа, туку да им биде лошо и на другите.

Потоа Лукас се осврна и на колегите:

„Главен проблем на естрадата е тој што никој од тие лоши пејачи не сака да се позабави со својата кариера и со тоа што не е интересен ни во своето село туку му е супер да го прозива чичко Лукас. Факт е дека 90% од естрадата не би можеле да направат концерт па дури и да се воведат правила дека народот мора да оди. Дури и стручниот тим со докторот Предраг Кон на чело да ѝ нареди на нацијата да оди на нивните концерти, никој не би дошол да ги слуша. Затоа е попаметно да не се огласуваат додека тоа не се смени, а верувајте ми на зборот дека скоро нема да се смени“, рече Лукас.

На почеток
error: