Спортскиот новинар на „Дејли мирор“, Нил Меклиман, го предупредил Новак Ѓоковиќ уште на турнирот Вимблдон пред чатири години, дека може да биде суспендиран ако продолжи да мава со тениски топчиња кон публиката.
Снимката од нивниот разговор ја објави американскиот новинар Бен Ротенберг на „Твитер“, по инцидентот што се случи викендов на Ју-Ес опен.
„Што ќе направевте ако топчето удреше некого од публиката? Ако погодевте некого, тоа можеше да биде сериозно“, Меклиман го прашал Новак Ѓоковиќ за време на пресот со новинарите.
„Зошто тогаш не ме суспендираат?“, прашал Ѓоковиќ и објаснил дека тој не е единствениот кој удира со топчиња, туку дека и другите тенисери во лутина го прават истото.
Excellent video find, @Makaveli2B.
Indeed, Djokovic had a pattern of reckless behavior on court that he'd never showed much concern about it before.#USOpenhttps://t.co/JKgwFwrmUV
— Ben Rothenberg (@BenRothenberg) September 6, 2020