Медиасет.мк

#ЏЕТ-СЕТ

Британец освои милион фунти на „Кој сака да биде милионер“

Учителот Доналд Фир, чиј брат освои 500.000 фунти на „Кој сака да биде милионер?“, ја освои главната награда во британската верзија на квизот. 57-годишниот Британец, искористи само еден од трите џокери пред да стане првиот освојувач на џекпотот од милион фунти по пауза од 14 години.

Неговиот брат Дејвит се појави во квизот лани во септември, но застана на претпоследното прашање.

Последното прашање на кое одговараше учителот по историја и политика беше: „Кој пират загинал во 1718 година во битката покрај брегот на денешната Северна Каролина?“. Откако го погоди одговорот, откри дека за оваа тема предавал пред осум години.

Јас сум човек кој памети датуми. Не можете да бидете учител по историја 33 години без да знаете неколку датуми и 1718 година и Блекбрд веднаш ги поврзав“, рекол тој.

Фир е шести освојувач на милион фунти во 22-годишната историја на квизот. Тој кажа дека 70% од добивката ќе ја подели на семејството, а со остатокот ќе си овозможи удобна пензија.

На почеток
error: