Поп-кралицата Мадона денес е планетарно популарна и со децении важи за една од највлијателните јавни личности. Но, нејзините почетоци воопшто не биле лесни.
Таа во моментот работи на сценариото на филмот што ќе го режира, во кој раскажува за почетоците на кариерата од 80-тите години за кои вели дека се најтешките, ама и најубавите времиња од нејзината кариера.
Во една пригода пејачката за американските медиуми раскажала потресна приказна од почетокот на кариерата кога дошла во Њујорк.
„Кога пристигнав во Њујорк, бев тинејџерка. Беше страшно, во тие први години ми се закануваа со пиштол, ме силуваа на покривот на зградата додека ми држеа нож на вратот. Имав толку грабежи во својот стан, така што едноставно престанав да заклучувам“, рекла Мадона.
Мадона раскажала дека во тој период ѝ било премногу тешко.
Останала без пријателите, кои умреле од сида, дрога и куршуми, а кога станалаа славна, злобните луѓе ја нарекувале со погрдни имиња.
Мадона, сепак, продолжила со кариерата и покрај сексистичките напади на кои била изложена.