Аргентинскиот политичар Хуан Емилио Амери бил снимен како се гали со својата партнерка за време на специјалната седница на која неколку пратеници присуствувале во живо, а повеќето преку интернет.
Откако бил забележан во вакво интимно дејство со својата партнерка, за време на виртуелната седница, политичарот бил суспендиран, а ова видео стана вирален хит и предизвика незадоволство во јавноста.
Пратеникот рекол дека неговата интернет конекција била лоша и дека не бил свесен дека бил фатен во интимен момент со партнерката, пренесува Ројтерс.