Медиасет.мк

#ТРЕНД

Бред Пит за врската со манекенката Никол: Конечно се чувствувам сакан!

Актерот Бред Пит (56) веќе неколку месеци e со својата нова девојка, 27-годишната германска манекенка Никол Потуралски, која дури ја одведе на романтичен одмор во замок во Франција каде се ожени со својата поранешна сопруга, 45-годишната актерка Анџелина Џоли, пренесува „Mirror“ .

Извор близок до ѕвездата на филмот „Once Upon a Time In Hollywood“ потврди дека Бред се чувствува среќен во врската и дека не е оптоварен со коментарите за неговата нова девојка, ниту за неговата поранешна сопруга Анџелина, со која следниот месец ќе ја има конечната борба на суд околу старателството над нивните шест деца. Освен тоа, Бред не сака да открива премногу за неговиот приватен живот, па затоа реши да не се меша во потенцијални конфликти во иднина меѓу Никол и Анџелина.

„Бред не беше премногу изненаден што сите зборуваат за неговата нова врска. Во оваа фаза од неговиот живот, Бред е едноставно среќен што најде некој што го сака, гледа и гали“, изјави извор близок на актерот и откри дека Пит, во доверба му рекол дека сега „се чувствува сакан и конечно некој се грижи за него“.

https://www.instagram.com/p/CFaAEFIKHTD/?utm_source=ig_embed

На почеток
error: