Дури и во овие несигурни времиња, важно е да се задржи реалниот поглед на работите во нашиот живот.
Еве неколку причина зошто повеќето од нас денес се големи среќници:
- Вчера не сте легнале гладни.
- Утрово се разбудивте со покрив над глава.
- Сте имале избор околу тоа што ќе облечете.
- Не сте стравувале за својот живот.
- Често се грижите околу тоа што ќе правите со својот живот: вашата кариера, семејство, следни животни чекори, итн., а тоа значи дека имате амбиции, страст, елан и слобода да носите сопствени одлуки.
- Имате пријатели и членови на семејството на кои им недостасувате и едвај чекаат повторно да се сретнат со вас.
- Силни сте и здрави – ако денес се разболите, ќе можете да оздравите.
- Имате пристап до храна и чиста вода за пиење.
- Имате пристап до интернет ( за да можете да го прочитате овој текст)
- Можете да читате.
Вистината е дека вам ви е подобро отколку на милиони луѓе ширум светот. Некои би рекле дека сте богати и затоа не заборавајте да бидете благодарни за сѐ што имате.