Медиасет.мк

#ТРЕНД

Актерката од „Ивкова слава“ откри нови детали за силувањето

Глумицата Данијела Штајнфелд (36), која се прослави со улогата на Мариола во филмот „Ивкова слава“, вели дека не е единствената жена што ја силувал моќниот човек од српската филмска индустрија. Таа во интервју за „Информер“ сега раскажа нови детали од траумата што ја доживеала пред неколку години.

„Ми рече дека ќе ме префрли до дома, ме силуваше во автомобилот. Не мислев дека тоа може да ми се случи мене, особено што тој беше човек кому му верував. За мене тој беше авторитет во филмската индустрија. Но, затоа што е постар и на повисока позиција, се однесуваше како да има право над моето тело“, рече актерката во интервјуто.

Таа неодамна го промовираше нејзиниот прв документарен филм, „Држи ме цврсто“, каде што разговара со жени што биле силувани, но и со силувачи. Во филмот, Данијела првпат јавно призна дека и таа била силувана, но сè уште не сака да го открие името на мажот кој ја силувал.

„Не сум единствената која ја силуваше, но само јас прозборев јавно за ова. Проблем е што жените молчат, паѓаат во депресија, почнуваат да пијат, да се дрогираат, а често пати пробуваат и да се убијат. И јас молчев со години, избегав во Америка зашто се плашев дека може пак да ме силува“, вели таа во интервјуто.

На прашењето зошто не го открила неговото име, таа вели дека не сакала фокусот на нејзиниот документарец да биде на мажот кој ја силувал.

„Кога ме силуваше пробав да ѝ се доверам на една блиска личност. Тогаш сфатив дека ако го пријавам ќе мора да поминам низ голгота иако сум жива“, додала таа.

Штајнфелд имаше улоги во неколку големи филмови и серии во Србија, меѓу кои и „Ранетиот орел“ и „Штрковите ќе се вратат“.

На почеток
error: