Медиасет.мк

#ТРЕНД

Американски глумец заедно со девојката пронајдени мртви во неговиот стан

Глумецот Грегори Тајри Бојс, познат по улогата во филмот „Самрак сага“ е пронајден мртов во неговиот стан пренесува „Мирор“. Со него, мртва била најдена и неговата девојка Натали Адепоју.

Причината за нивната смрт сеуште се истражува, а извор близок до нив, за странските медиуми потврдил дека биле најдени мртви во нивниот стан во Лас Вегас. Сеуште се чека на токсиколошкото вештачење.

„Роднина на Грегори, го забележала неговиот автомобил пред куќата и веднаш се посомневала дека нешто не е во ред. Тој требало да биде во Лос Анџелес. Влегла во неговиот стан да провери што се случува, кога го пронашла мртов“, вели изворот и додал дека Грегори пред да умре, бил преокуиран со работа.

Тој заедно со неговата девојка, работеле на отворање на ресторан.

На „Фејсбук“ од него се прости и неговата мајка, нарекувајќи го најдобриот кувар.

„Болсна сум без тебе. Растргната сум, изгубена во болка“, напишала мајката на Грегори.

Грегори зад себе ги остави ќерката Алаја, а неговата девојка синот Египт.

 

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: