#ТРЕНД

Џaстин Бибер ги замоли фановите да не се собираат пред неговиот дом

Објавено на


Статуата на принцезата Дијана, наводно, е поставена на пиедестал во Потонатата градина на палатата Кенсингтон, а моментално ја крие голема кутија.

Имаше изобилство шпекулации за тоа дали војводата и војвотката од Сасекс ќе се вратат или не за откривањето на многу очекуваната спомен-статуа на мајката на принцот Хари, покојната Дијана, принцезата од Велс, следниот месец.

Додека присуството на Меган беше исклучено, со оглед на тоа што таа тукушто се породи, Хари веќе пристигна во Велика Британија, негово прво патување во родната земја откако присуствуваше на погребот на принцот Филип.

На фотографиите кои претходно ги сподели „Мејл онлајн“ се гледа како Хари пристигнува на терминалот на Меѓународниот аеродром во Лос Анџелес вечерта во четвртокот (24 јуни) со црн џип „кадилак“.

Принцот се врати во Британија со цел да присуствува на специјалното откривање на споменикот на 1 јули, што би бил 60-тиот роденден на Дијана. Бројот на поканети на настанот е драматично намален поради ограничувањата на движење среде пандемија.

Хари треба да се самоизолира најмалку пет дена по неговото пристигнување, а потоа ќе треба да се тестира во согласност со тековните правила за патување.

Принцот Хари (36) и неговиот брат принцот Вилијам (39) ќе ја откријат статуата на нивната покојна мајка, на која браќата работеа и ја дизајнираа од 2017 година.

 



Трендинг

Exit mobile version