Медиасет.мк

Медиасет

Астрономи открија 27 нови планети кои кружат околу две ѕвезди

Астрономите открија 27 потенцијално нови планети кои орбитираат околу две ѕвезди, слично на фиктивната планета Татуин од филмот Star Wars.До денес во вселената се идентификувани само околу 18 вакви циркумбинарни планети, додека откриени се повеќе од 6.000 планети кои кружат само околу една ѕвезда, како што Земјата кружи околу Сонцето, пишува британскиот The Guardian.Научниците објавија вест за откритието на речиси 30 планети кои би можеле да кружат околу две ѕвезди, а нивната оддалеченост се проценува на 650 до 18.000 светлосни години од Земјата.„Постојат многу работи во астрономијата кои не се баш опипливи“, изјави вонредниот професор од Универзитетот во Нов Јужен Велс и главен автор на студијата, Ben Montet.Повеќе од половина од ѕвездите во универзумот постојат во бинарни или повеќекратни ѕвездени системи.Научниците претходно ги идентификувале циркумбинарните планети преку нивните транзити, бидејќи кога овие планети поминуваат пред ѕвездата, како што објасни Монте, таа фрла сенка на површината на ѕвездата, па можеме да заклучиме дека нешто се движи околу неа.Тоа се случува само кога планетата и нејзината ѕвезда совршено се порамнети со нашата линија на вид од Земјата.„Планетите е тешко да се пронајдат. Тоа е како да се обидувате да видите свеќа веднаш покрај големо улично светло“, посочи Монте.Истражувачите наместо тоа користеле метод познат како апсидална прецесија, барајќи колебање помеѓу ѕвездите кои кружат една околу друга и се затемнуваат меѓусебно.„Ако го следиме точното време на овие затемнувања… тоа може да ни каже“, објасни Монте.Откако ги елиминирале другите фактори, како што се ротацијата и гравитациската сила на двете ѕвезди, тимот идентификувал 36 ѕвездени системи од 1.590 чие однесување може да се објасни само со присуство на трето тело.Тимот научници открил потенцијални планети кои веројатно варираат од големината на Нептун до десет пати поголема маса од Јупитер.Астрономите при тоа користеле податоци од телескопот на NASA за истражување на транзитни егзопланети, кој беше лансиран во 2018 година.Астрофизичарката од Технолошкиот универзитет Свинберн, Sarah Webb, посочи дека овие техники на тимот би можеле да се користат за пронаоѓање повеќе кандидати за планети во иднина.Според нејзините зборови, циркумбинарните планети веројатно би имале „многу екстремни средини“ за разлика од било што во нашиот Сончев систем.„Планета како Татуин би можела потенцијално да постои таму каде што постои таа идеална точка помеѓу нејзината орбита околу двете ѕвезди, и каде не е ни премногу жешко ни премногу студено“, изјави Веб, потсетувајќи на планетата од универзумот на Star Wars.Таа заклучи дека многу работи кои се предвидени во уметноста и уметничките концепти за тоа каков би можел да биде универзумот обично ги наоѓаме и во науката.

На почеток
error: