Медиасет.мк logo
Промени тема
Трендови

Блаже од Кавадарци е момчето кое доби бубрег од Верица Белчовска

Медиасет.мк
пред 5 години
blaze-bubreg

Семејството Сапунџиеви од Кавадарци вечерва се заблагодари за донираниот бубрег за нивниот 28-годишен син Блаже.

Мајката Форка рече дека сочувствуваат со семејството на младата девојка Верица Белчовска, која загина во сообраќајна несреќа, но изрази благодарност за хуманиот гест да ги подарат органите кои некому многу му значат.

– Трансплантацијата помина успешно. Добар е. Не не пуштија да го видиме, но не инсистиравме, важно е да е се во ред со него, докторите најдобро знаат како треба, изјавила мајката.

Таа појасни дека нејзиниот син одамна имал проблеми со здравјето, а нивна најголема желба била тие проблеми да се надминат.

-До деветгодишна возраст, пет години беше на дијализа. По деветтата година, јас му дадов еден мој бубрег. Мојот бубрег траеше 18 години и после тоа откажа. Повторно беше една ипол година на дијализа, раскажа мајката со многу емоции.

Со денешната трансплантација, едниот бубрег го доби ова момче, а другиот беше трансплантиран кај 40-годишен пациент.

– Многу ми е жал за девојчето кое многу младо загинало во сообраќајна несреќа. Судбината сакала на ваков начин да ги поврзе нашите две семејства. Засекогаш ќе бидеме благодарни за овој хуман гест, а Верче ќе продолжи на некој начин да живее преку нашиот Блаже и преку другите на кои им се донираат нејзините органи, изјави мајката на Блаже Сапунџиев.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypkss028kd08d4JmRspS

Истражување откри која генерација троши најмногу за уметност

Трендови | пред 21 час

media-librarya0es0l2d6rsdet70k9l

Грешки што многумина ги прават при реновирање на бањата

Трендови | пред 1 ден

media-library5cdruugr43ib6PQStpG

Киселкаста, но хранлива: Откријте ги придобивките од аронијата

Трендови | пред 1 ден

media-library48kkbbi0pgu6dtM6eCb

Дрво или пластика: Која даска за сечење е похигиенска и подобра за ножевите?

Трендови | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања