Медиасет.мк

Медиасет

Блејк Лајвли бара одштета од 250 милиони долари во спорот со Балдони

Актерката Блејк Лајвли тврди дека поради наводна кампања за оцрнување која против неа ја воделе колегата Џастин Балдони и продукциската куќа „Wayfarer Studios“, претрпела огромна финансиска штета и загуби поголеми од 290 милиони долари.Во судските документи, Лајвли наведува дека изгубила повеќе од 290 милиони долари (околу 250 милиони евра) приходи и идни деловни можности, бидејќи во јавноста била претставена како „злобна девојка“.Во новите поднесоци од 17 април, таа тврди дека директната финансиска штета од постапките на Балдони изнесува меѓу 36,5 и 40,5 милиони долари. Таа наведува дека била опишувана со термини како „неемпатична“, „насилник“ и „злобна девојка“.Повикувајќи се на експерт за комуникации, Лајвли исто така тврди дека изјавите на адвокатот на Балдони ѝ донеле дополнителна штета од 24,3 милиони долари, врз основа на проценка на нивното влијание на интернет.Нејзините експерти проценуваат дека поради изгубени проекти во периодот од август 2024 до август 2029 година, може да изгуби меѓу 34,3 и 87,8 милиони долари приходи од филмски и телевизиски ангажмани.Дополнително, се наведува дека нејзините компании претрпеле пад на профит од 39,6 до 143,5 милиони долари. Таа бара и надомест од 250.000 до 400.000 долари за душевна болка, физичко страдање и понижување.Адвокатите на Балдони ги отфрлаат овие тврдења, наведувајќи дека ваквите описи за нејзиниот карактер постоеле и пред нивната соработка и не го влошиле нејзиниот углед.Случајот е дел од поширок правен спор со меѓусебни тужби, вклучувајќи обвинувања за сексуално вознемирување, клевета и противтужби, од кои дел веќе се одбиени од судот.

На почеток
error: