Братот на тенисерот Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе Ѓоковиќ наводно е во врска со една од најсексапилните српски пејачки, Теодора Џехверовиќ.
Тие се заедно веќе четири месеци, но тоа го кријат од јавноста.
„Ѓоле и Теодора се запознале преку заеднички пријател на ручек во Белград и веднаш полетале искри. Размениле телефонски броеви, почнале да комуницираат. Тие се заедно веќе четири месеци, но сè уште не сакаат да се претстават во јавност како двојка. Се обидуваат да не излегуваат заедно, туку да се видат во тајност во станот на Ѓорѓе во Нов Белград. Се согласија да ја кријат врската сè додека не стане сериозна, меѓудругото и затоа што не сакаат медиумите и папараците постојано да им бидат зад петици – вели добро информиран извор за српските медиуми.
https://www.instagram.com/p/B63lRSDJXzn/?utm_source=ig_embed
„Велат дека имаат убав однос и слични интереси. Тие, исто така, започнаа да планираат заеднички одмор во текот на летото, сакаат да видат колку ќе се зближат кога не се разделуваат ниту за момент на две недели. Ако се оди добро, на есен ќе започнат да живеат заедно во станот на Ѓорѓе“, вели соговорникот.
За врската знаат само нивните најблиски пријатели, па Новак Ѓоковиќ сè уште не ја запознал својата нова снаа.