Медиасет.мк

#ТРЕНД

Брена призна: Боба ме побара за жена мртов пијан

Лепа Брена во една пригода раскажала дека нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ испил пола шише алкохол за да ја побара за сопруга. Таа вели дека некогашниот тениски ас имал страшна трема кога требало да му каже на таткото на Брена дека ја сака за жена .

„Бобан сакаше да се венчаме. Имав само еден услов – да ме побара по стариот обичај, но тој не го стори тоа затоа што имаше трема. Се најдовме на фестивал во Германија. Боба за да ја ублажи тремата испи пола шише курвоазје, пред да се сретне со татко ми. Ма беше мртов пијан.  А татко ми претходно го подготвив малку да се колеба и да си игра со него. Но штом Бобан ме побара за сопруга, татко ми рече: ‘Деца нека ви е со среќа’. Кога подоцна го прашав зошто не направи како што му реков, ми одговори: ‘Ќерко толку се влечкавте што мислев дека никогаш нема да се омажиш’“, раскажала Брена.

На почеток
error: