Во Тузла е покрената петиција со која се бара откажување на концертот на Северина Вучковиќ, планиран за новогодишната ноќ, на 31 декември 2026 година. Граѓаните кои стојат зад иницијативата сметаат дека средствата наменети за организација на новогодишната програма треба да се пренасочат кон здравствениот сектор.
Петицијата е објавена на интернет-платформата Peticijeonline.com и е упатена до Градската управа на Тузла. Во неа се бара парите предвидени за концертот да се искористат за набавка на медицинска опрема, односно PET/CT апарат за Универзитетскиот клинички центар во Тузла.
Иницијативата е покрената по примерот на случувањата во Сплит, каде што по петиција на граѓаните беше откажан најавениот новогодишен настап на Дино Мерлин. Тогаш повеќе од 20.000 граѓани го поддржаа барањето средствата наменети за концертот да бидат пренасочени за набавка на медицинска опрема за Клиничкиот болнички центар во Сплит.
Настапот на Северина е планиран за 31 декември на Плоштадот на слободата во Тузла. Според медиумските информации, Туристичката заедница на градот уште на 2 јуни 2026 година склучила договор за организација на музичката програма за новогодишната прослава, во вредност од 230.000 конвертибилни марки без ДДВ.
За разлика од случајот во Сплит, во Тузла договорот веќе бил склучен, па евентуалното откажување на концертот би можело да повлече и финансиски последици.
Сепак, во целата приказна има еден важен детал. PET/CT апаратот чија набавка ја наведуваат иницијаторите на петицијата како причина за пренасочување на средствата веќе е испорачан во Универзитетскиот клинички центар во Тузла.
Според претходните информации, апаратот пристигнал на 25 септември 2026 година, а вредноста на проектот за неговата набавка изнесува околу 9,2 милиони конвертибилни марки.
По испораката продолжиле активностите за подготовка на просториите, инсталација на апаратот и обука на медицинскиот персонал. Засега, сепак, нема потврда дека уредот започнал со редовна клиничка работа.
Се огласи тимот на Дино Мерлин по откажувањето на концертот во Сплит: „Нанесена му е штета на угледот“
Откако Градот Сплит одлучи да се откаже од организацијата на концертот на Дино Мерлин, кој требаше да се одржи на 30 декември на сплитската Рива, се огласи менаџментот на популарниот пејач.Во соопштението испратено до медиумите, менаџментот на Мерлин посебно се осврна на сумата од 140.000 евра, која во изминатите денови предизвика бројни реакции во јавноста.„Сакаме јасно да истакнеме дека понудената и прифатена цена изнесуваше 140.000 евра бруто за ангажманот на изведувачот и целиот тим вклучен
Сцена | пред 1 час