Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Сцена

(Видео) Спасен Сиљаноски ги воодушеви фудбалските ветерани во Битола: Го повикале од Скопје да им ја испее „Мајка“, а тој веднаш тргнал!

Медиасет.мк
пред 54 минути
media-library8d042j9bkidk1J86Aca

Една емотивна и несекојдневна случка ги одбележа средбата на фудбалските ветерани на Пелистер од Битола, Тетекс од Тетово и Борец од Велес, која вчера се одржа во градот под Пелистер.

Во моментите кога присутните ја пееле легендарната песна „Мајка“, која ја изведува Спасен Сиљаноски, дошле на идеја да му се јават преку видеоповик и да го поканат да им се придружи.

Спасен во тој момент бил во својот дом во Скопје, но повикот не го оставил рамнодушен. Без многу размислување, се качил во автомобилот и тргнал кон Битола.

За помалку од два часа пристигнал во градот, каде што бил пречекан со големо воодушевување од присутните ветерани и гости.

Средбата добила уште поемотивна нота кога Спасен застанал пред нив и во живо ја запеал својата позната песна „Мајка“. Заедно со него, присутните ги пееле добро познатите стихови „И плачев и пеев“, создавајќи момент исполнет со емоции, радост и заедништво.

Видеото од неговото доаѓање и настапот предизвика воодушевување, а присутните не ги криеја пофалбите за неговиот гест.

„Каков човек, каков Македонец!“, стои во описот на видеото.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

severina

Бура во Тузла поради Северина: Покрената петиција за откажување на новогодишниот концерт

Сцена | пред 31 минута

Dino-Merlin-by-Edvin-Kalic-1024x683-1

Се огласи тимот на Дино Мерлин по откажувањето на концертот во Сплит: „Нанесена му е штета на угледот“

Сцена | пред 1 час

media-library9j5o9s1br6ik3AzGbjp

Јапонците направија телефон за оние што сакаат да се одморат од интернетот

Технологија | пред 2 часа

media-library6bi78q0aubkq7tEgLsh

Топла вода, снег и неверојатни пејзажи: Ова се најубавите зимски бањи во Европа

Патувања | пред 2 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања