Медиасет.мк

#ТРЕНД

Цетински со емотивна порака за Тоше: Не можам да верувам колку ми недостасуваш и денес

Еден ден пред 13-тата годишнина од трагичната смрт на Тоше Проески, хрватската ѕвезда Тони Цетински објави фотографија со емотивен опис.

Како речиси секоја година, исто и оваа, по повод ден пред годишнината од трагедијата, хрватскиот пејач Тони Цетински, кој водено му беше добар пријател на Тоше, сподели емотивна објава на неговиот Instagram, заедно со фотографија.

„Долги 13 години.

На утрешен ден, некаде во ова време нè напушти физички, но само физички брате мој. Не можам да верувам колку ми недостасуваш и денес, и колку ни е тешко што си замина прерано. Животот навистина не е фер…

Ме прашуваш каде сум и што правам? Плачам, да плачам… На улица сум, нормално, и врне одвратен дожд, но твојата насмевка е надеж која во ова денешно и чудно време им е толку потребна на сите. Ќе биде сè во ред додека те имаме тебе, кој нè чува со својата присутност, песни и сè убаво и добро што остави на оваа планета.

Ти си ангел да добрината. Знам дека нè чуваш, како што и треба да знаеш дека секогаш си во нашите молитви. Те сака твојот брат“, пишува Тони.

https://www.facebook.com/tonycetinskiofficial/posts/4526977870707737

На почеток
error: