Мајкрософт објави дека ажурирањето на Windows 11, 23H2, сега е достапно за сите корисници.
Ако користите постара верзија на Windows 11, се што треба да направите е да ги отворите Settings, а потоа одете до Windows Update > Check for updates.
Ажурирањето 23H2 ги има истите системски барања како и сите претходни верзии, така што не треба да имате никакви проблеми со компатибилноста.
Секој производ на Windows има животен циклус, вклучувајќи го и Windows 11 22H2, кој е поддржан до 8 октомври. По овој датум, вашиот компјутер ќе престане да добива месечни безбедносни „закрпи“ од Microsoft и без нив ќе биде поранлив на разни закани.
Затоа, Microsoft автоматски ќе ги надгради Windows 11 Home и Pro уредите што работат 22H2 на 23H2, а треба да се забележи дека поддршката за 23H2 ќе заврши на 11 ноември 2025 година.