Медиасет.мк logo
Промени тема
Патувања

Чоловиќ Лешоска: Репрогласувањето на НП Маврово е клучно за опстанокот на Балканскиот рис

Медиасет.мк
пред 5 години
Ris

Балканскиот рис е критично загрозен затоа под итно треба да се преземат мерки за да се заштити доколку сакаме да опстои во Република Северна Македонија. Тој се наоѓа на “црвената листа“ и според последните истражувања иако има мал пораст на неговата популација, ризиците за неговото преживување остануваат големи.

- Иако се смета за национален симбол и се наоѓа на монетите, балканскиот рис освен декларативно, всушност не се штити од страна на државата. За да постигнеме заштита, потребно е да се заштитат подрачјата во кои живее, се движи и размножува, со фокус на националниот парк Маврово. Препораките на Бернската конвенција ја препознаваат важноста и итноста за поголема легална заштита на Балканскиот рис. За жал, националниот парк Маврово сè уште не е репрогласен и нема закон, а со тоа нема ни мерки за заштита и план за управување. Дополнително, државата нема усвоено стратегија за заштита на балканскиот рис која била подготвена пред повеќе години, но за нејзиното спроведување се неопходни финансиски средства кои не се доделуваат. Фактот што државата не двои финансии за нашите заштитени подрачја при што истите се приморани приходите да ги остваруваат со сеча на шумата е алармантно и неприфатливо, потенцираше Ана Чоловиќ Лешоска, координаторка за политики во WWF и извршна директорка на Еко-свест.

Според “црвената листа“ балканскиот рис е распространет во западните делови на земјата, по границата со Албанија. Опсегот на распространување му се движи од Шар Планина, на северозапад, па сè до Националниот парк „Галичица“, на југозапад. Живеалиштата се во листопадни и фрагментирани шуми, како и шибјаци. Во летниот период повремено се движи и по високопланинските пасишта. Тој се храни најмногу со срни, поретко со диви зајаци, дивокози, куни и лисици, а понекогаш и со диви свињи.

Леглото на рисот може да има од едно до пет мачиња, во просек од две до три мачиња. Новороденче рис тежи околу 300 грама. На три месеци, мачињата почнуваат да ја следат мајката надвор од дувлото за да јадат месо од нејзиниот улов. На десет месеци, обично околу март или април, мачињата ги оставаат своите мајки и започнуваат независен живот.

- Со самото тоа што популацијата на Балканскиот рис се проценува на 32 зрели единки, постои огромна закана за истребување на ова критично загрозено, но харизматично животно. Освен прогласување на заштитени подрачја, потребна е константна едукација на локалното население, но и истражување и мониторинг на балканскиот рис со цел да се утврдат бројноста, трендот, појавата во нови подрачја и да се врши следење со телеметрија. Македонското еколошко друштво има направено извонредни напори и постигнато големи успеси во мониторингот на балканскиот рис. Токму овие напори треба да се поддржат од државата и да се надоградат со системска и интегрирана заштита на овој значаен вид, додаде Чоловиќ Лешоска.

Заканите за рисот се бројни, а вклучуваат криволов, вознемирување од страна на луѓето, изградба на голема инфраструктура и туристички центри, загуба на живеалиштата поради прекумерна и непланска сеча на шумите и фрагментација на истите, како и загуба на пленот на рисот, како последица на горенаведените појави.

Светскиот фонд за природа (WWF Adria) го одбележува светскиот ден на заштита на рисот 11-ти јуни, и ги поканува сите љубители на дивото животно - рис да донираат за негова заштита со симболично „посвојување“ на рисот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytit8sdv734fvavFW5yj

Бивша вработена на крузер открива: „Љубовта меѓу колеги на брод има и мрачна страна“

Патувања | пред 15 часа

media-library7ed8kr3fjul65xn852f

Оваа плажа некогаш била депонија: Денес наместо песок има милиони шарени парчиња стакло

Патувања | пред 21 час

media-library9f84lsrvpe7v8sV5gg4

Балос, Елафониси и Фаласарна под притисок: Крит сака да го ограничи бројот на туристи

Патувања | пред 1 ден

media-libraryo9kq7a64b7emf3eWRB0

Етна повторно еруптира: Пепелта ги прекина летовите, воведени вонредни возови

Патувања | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања