Дамјан Марковски започна 400-километарски предизвик во чест на Св. Василие Острошки, кој придонел во оздравувањето на член на неговото семејство, но и за подобрување на медицинската грижа за спортистите во Македонија. Оваа иницијатива ја објави фондацијата „Марко Божиновски“, која е основана во чест на ракометарот Марко Божиновски. Фондацијата има за цел да поддржи млади талентирани спортисти и да им овозможи поквалитетен живот преку спортот.
Дамјан Марковски, спортист кој целата своја младост ја има посветено на фудбалските терени, тргна на пат утринава во 6 часот да пешачи од Скопје до манастирот Острог, околу 400 километри, за да изрази благодарност кон Св. Василие Острошки. Тој досега има поминато 32 километри.
Со овој подвиг, Дамјан исто така сака да ја подигне свеста за потребата од подобра медицинска грижа за младите спортисти. Па така, тој заедно со фондацијата ги повика сите да донираат симболичен износ за набавка на средства за Polar мерачи на линкот во био се додека не бидат објавени броевите.
Polar мерачите можат да предупредат на потенцијални срцеви проблеми и да спречат трагедии. Па така со редовно следење на срцевото здравје на младите спортисти можат да се спречат трагедии.