Медиасет.мк

#ТРЕНД

(ФОТО) Дејан Миличевиќ за короната: Едвај останав жив, лекарите изгубија надеж дека ќе ме спасат

Српскиот режисер и моден фотограф, Дејан Миличевиќ, веќе две недели е во болница во Белград, каде што се лекува од корона. Во интервју за „Пинк“ тој вели дека сега се чувствува малку подобро, но дека леарите едвај успеале да го спасат оти вирусот се проширил на белите дробови и ситуацијата дополнително му се комплицирала.

„На моменти бев во агонија. Едвај останав жив. Короната се прошири бргу, а лекарите мислам дека во еден момент изгубија надеж дека ќе преживеам. Останувам во болница уште една недела, па ќе се лекувам од дома“, рекол Миличевиќ.

Тој додал дека луѓето мора да гледаат оптимистички на целата ситуација, но дека не смеат да се опуштат и да заборават на препораките за заштита.

„Не одете на сплавови, во ноќни клубови, на затворени места. Јас се заразив од другарка што ме изгушка и бакна оти не сме се виделе долго време, а не знаела дека е заразена. Беше страшно, две недели температура и кислород. Ми претстои тешко закрепнување за да се вратам на старо. Ама веќе никаде нема да одам без маска и нема да терам српски обичаи да се бакувам за да се поздравам со некого“, додал тој.

За потсетување, Миличевиќ во 2018 година преживеа мозочен удар, а три години претхоно ја оперира простатата.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На почеток
error: