Медиасет.мк logo
Промени тема
Патувања

Дефект во грчкиот систем за контрола на летањето: Доцнеа 37 летови на „Рајанер“, погодени 7.000 патници

Медиасет.мк
пред 1 месец
media-library6c9alqtkejnd2iw4kRp
unsplash

Ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ побара од Европската комисија итно да го реформира системот за контрола на воздушниот сообраќај во Европа, откако дефект на опремата во грчкиот систем предизвика сериозни нарушувања во воздушниот простор на Грција.

Поради дефектот во вторникот, 1 септември, доцнеле 37 летови на „Рајанер“, а биле погодени речиси 7.000 патници, со доцнења до три часа.

Од компанијата велат дека ова е четврти голем дефект во Грција во последните 12 месеци и ја обвинија грчката Влада дека не обезбедува соодветно финансирање и одржување на инфраструктурата за контрола на воздушниот сообраќај.

„Неприфатливо е патниците кои патуваат кон и од една од најфреквентните туристички дестинации во Европа и понатаму да трпат нарушувања“, соопшти „Рајанер“, додавајќи дека системите се застарени и недоволно финансирани.

Компанијата упати критики и до Европската комисија, оценувајќи дека таа постојано зборува за конкурентност и ефикасност, но не презема доволно мерки за повторливите проблеми со системите за контрола на летањето во Европа.

Главниот оперативен директор на „Рајанер“, Нил МекМахон, порача дека грчкиот систем е „целосно неподготвен“ за сигурно функционирање во периодот на најголема туристичка фреквенција.

„Европската комисија мора итно да интервенира, да спроведе реформи во неуспешниот европски систем за контрола на летањето и да ги повика одговорните на одговорност. На европските патници им е доста“, порача МекМахон.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvkj72cof04062Uj89F1

Поскапува туристичката такса во Србија: Еве колку ќе се плаќа по ден

Патувања | пред 1 ден

media-library0qdukd9sdvn9f8K17AL

Тинејџер се загубил на планина откако ги следел упатствата на вештачката интелигенција

Технологија | пред 4 дена

media-libraryiveoklab8gujcZZ4FA1

Од Берлин до Будимпешта: Божиќни пазари во Европа што можете да ги посетите со мал буџет

Патувања | пред 4 дена

media-library8aa6ce7pkn1raNRZm5F

На 60 години ја продала куќата, дала отказ и решила да патува низ светот: За три години посетила 15 земји

Патувања | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања