Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK
Патувања

Сараево и Дубровник меѓу десетте најпосакувани европски градови за патување

Медиасет.мк
пред 21 минута
media-librarytdufiimns1gh2IF4u6t
unsplash

Босна и Херцеговина се најде на четвртото место меѓу најпосакуваните туристички дестинации во подем во светот, додека Сараево и Дубровник се најдоа на листата на десетте најпосакувани европски градови за патување. Изборот го направиле читателите на британското списание „Wanderlust“.

Резултатите од 25. доделување на наградите „Reader Travel Awards“ биле објавени на 5 ноември. Во гласањето учествувале 251.461 читател, кои дале повеќе од 8,2 милиони гласови, што претставува рекорд.

Во категоријата туристички дестинации во подем, пред Босна и Херцеговина се најдоа Белизе, Гватемала и Ерменија. На листата се и Ангола, Оман, Монголија, Панама, Камбоџа и Казахстан.

Меѓу европските градови првото место го освои Атина, пред Дубровник, Копенхаген, Џенова, Мадрид, Бордо, Тбилиси, Лисабон, Истанбул и Сараево.

Костарика е прогласена за најпосакувана земја во светот, со што го презеде првото место од минатогодишниот победник Јапонија. Третото место ѝ припадна на Јужноафриканската Република.

Во европската конкуренција за најпосакувана земја победи Шпанија, пред Турција и Португалија. Хрватска се најде на петтото, а Грција на шестото место. Токио беше прогласен за најпосакуван град во светот, а Калифорнија за најпосакуван регион.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd1ssf900d8r6dpQadFk

United Airlines забранува резервации на авионски билети преку ВИ-агенти

Патувања | пред 1 ден

media-libraryflied4nfjmu68Ot24Gg

Оваа европска земја ќе ги пресметува казните за секој километар пречекорување на брзината

Патувања | пред 4 дена

media-libraryhp4uo6q7c5rbaMHUr6O

Грчки остров што сè повеќе привлекува туристи: Интересот за Самос пораснал за 75 отсто

Патувања | пред 5 дена

media-librarym5s197b52hf5busDL2f

Италија и Шпанија најпосакувани дестинации за есенски одмор меѓу Европејците

Патувања | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања