Медиасет.мк

#ТРЕНД

Деми Мур проговори за поранешниот сопруг: Уште имам трауми од нашиот однос

Актерката Деми Мур (57) со колегата и поранешен сопруг Ештон Кучер (42) беше во брак од 2005-та до 2013-та година. После разводот, како што тогаш се пишуваше, тој заминал на планина со цел да се избори со емотивната драма.

Наводно една недела бил оддалечен од сите, но актерката сега напоменува дека сепак таа е личноста која мора да се бори со последиците од неговото однесување во бракот.

Деми не сокрива дека сопругот ја изневерувал, но и неколку пати досега открива и дека тој ја терал на секс во тројка, на што се согласила иако тоа вистински не го сакала.

„Сакав да му докажам колку забавна и одлична можам да бидам, но знам дека тоа беше грешка“.

Уште една пикантерија од нивниот интимен живот е тоа што Ештон од неа барал да уринира врз него.

„Беше толку понижувачки и одвратно, уште имам трауми од нашиот однос“, изјави неодамна Деми.

Актерката позади себе има уште два брака – со Брус Вилис, со кој има три ќерки и со Фреди Мур. Ештон сега е во брак со Мила Кунис со која доби ќерка и син.

На почеток
error: