Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Трендови

Деспотовски: Со попис до повеќе инвестиции и поголеми плати за работниците

Медиасет.мк
пред 5 години
despotovski

Пописот е многу важен и ќе придонесе нашата земја многу посериозно да излезе на картата во делот на странските инвестиции, да привлечеме инвестиции со повисок квалитет и да донесеме инвеститори кои ќе дадат многу поголеми финансиски средства, вели Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ за претстојната статистичка операција.

Тој очекува квалитетни податоци од пописот врз база на кои ќе се креираат реални политики и планови.

"Секој потенцијален инвеститор којшто доаѓа во земјава, меѓу првите прашања кои ги поставува е прашањето за структурата на работната сила.

И токму затоа пописот апсолутно и директно влијае врз одлуката на инвеститорите да вложат во Северна Македонија, и секако тоа што е многу важно, влијае врз структурата односно на висината на платите што овие компании ги даваат на работниците кои ги ангажираат.

Така што, тие податоци кои ги очекуваме од пописот поврзани со работата на ТИРЗ ќе помогнат многу и можам да изразам мое лично очекување, апел и желба да добиеме квалитетни податоци кои ќе ни помогнат да си ја завршиме нашата цел и нашата мисија, а тоа е многу повеќе странски инвеститори, односно многу повеќе и многу подобро платени работни места," вели Деспотовски.

Еден од главните столбови на новиот концепт во работењето на ТИРЗ е привлекување странски инвестиции со поголем квалитет кои ќе донесат повеќе пари во буџетот но и подобро платени места.

Дополнително, целта е до 2024 година вработените во компаниите кои се веќе активни во ТИРЗ да добиваат 30-50 проценти поголеми плати. За таа цел ТИРЗ работи на развој на мерки и програми со кои ќе се поттикне растот на платите преку зголемена продуктивност на трудот и вложување во унапредување на вештините на домашните работници.

Долгорочно, ова е дел од стратегијата и начин на младите да им се обезбеди перспектива и иднина во земјава и да се спречи процесот на нивно иселување.

фото: PRTSC

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybu3iav7etlrde9mouYV

18 години по култната „Итно ми требаш“, Јован Јованов и Тони Зен ја снимија „Уште ми требаш“

Сцена | пред 3 дена

media-librarybnq97hl4vmin99qCnpH

Поскапото чоколадо и високите трошоци за живот ја намалија продажбата на слатки за Ноќта на вештерките во САД

Трендови | пред 4 дена

media-library1lst7gvjp1ig8RgZfA2

Есенски моден тренд: ресите повторно во центарот на вниманието

Трендови | пред 4 дена

media-library9n9v982j7samaFW6rCl

Три модерни јакни што треба да ги имате оваа есен и зима

Трендови | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања