Дино Раѓа преку својот Фејсбук профил се потсети на својот поранешен соиграч од хрватската репрезентација, Дражен Петровиќ, кој пред точно 27 години страдаше во страотна сообраќајна несреќа во Германија.
Раѓа и Петровиќ беа дел од репрезентацијата на Хрватска, која само еден ден претходно играше на турнир во Полска.
„Тешко е да се напише нешто за Дражен што веќе не е напишано. Но по гледањето на документарецот ’Последен танц’ морам да направам споредба. Нема да зборувам за играчките квалитети бидејќи тоа овојпат не е важно. Само главата. Тоа што го имаше Џордан го главата го имаше и Дражен. Идентично. Затоа беше тоа што беше – победник пред сѐ. Како потврда една ситуација за која малку знаат. Последниот меч на Дражен против Словенија во Полска. Целосно неважен натпревар, бидејќи игравме финале на квалификации, а првите три одеа на ЕП. При крајот на мечот кој го загубивме, двајцата се ’испич.аравме’. Кој кому не додал, кој не заградил. Он мене мајката, јас нему исто така. И утредента тоа несреќно патување. Рано наутро седиме јас тој и Стојко (Вранковиќ) и пиеме кафе. Тој му вели на Стојко да ми каже дека сум идиот, јас исто преку Стојко до него. Нема врска што играш, колку е важно, секогаш мораше да бидеш на 100 отсто со него. Затоа беше лидер“, пишува Раѓа.