Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Трендови

Докторка преку „Групер“ продавала купони, а немала дозвола за работа

Медиасет.мк
пред 5 години
prevenzija-rak-dojka

Скопјанката Николина Влаисављевиќ на „Групер“ купила купон за специјалистички преглед за мајка и која боледува од канцер на дојка, во приватната ординација „Асклепиос“, но по направениот преглед, ординацијата одбила да и ги издаде резултатите од направеното испитување, поради тоа што, како што и рекле оттаму, чекаат потпис од Министерството за здравство за нивната работна дозвола. Влаисављевиќ до Државниот санитарен и здравствен инспекторат доставила претставка за случајот, а на „Групер“ купоните се повлечени од продажба. Во меѓувреме, на пациентката Благица Димовска, на прегледот и било усно кажано дека има проблеми и промени на другата града, но без официјален извештај од резултатите семејството не може да појде на онколог и да се бори за животот на жената која боледува од канцер,објави  slobodenpecat.mk. 

Ординацијата е во сопственост на сопругата на претседателот на ,,Интегра” доктор Лидија Ристовска, долгогодишен лекар со сите лиценци, специјалист интернист и супспецијалист кардиолог.

Таа за Слободен печат објаснува дека проблемот настанал затоа што нејзината поранешна ординација, што постоела од 2012 година, ја затворила за да отвори друг правен субјект со цел да одбегне плаќање на надоместок за лиценца кој изнесувал фрапантни 45.500 денари месечно. Со новото отворање на фирма, нејзината концесија би се намалила на само 900 денари месечно и поради тоа таа самата инсистирала да ја затвори старата фирма и да земе нова лиценца за нова. Така и се случило. Но, за неа неочекувано било дека потписот од министерот за здравство Венко Филипче на финалниот документ, односно на дозволата за работа, ќе доцни. Така, на „Групер“ продолжиле да се продаваат купоните за нејзините медицински услуги.

Од „Групер“ велат дека се платформа преку која компаниите можат да продаваат производи или услуги, но тие како компанија не се носители на услугата.

Текстот во целост на:  slobodenpecat.mk. 

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybu3iav7etlrde9mouYV

18 години по култната „Итно ми требаш“, Јован Јованов и Тони Зен ја снимија „Уште ми требаш“

Сцена | пред 3 дена

media-librarybnq97hl4vmin99qCnpH

Поскапото чоколадо и високите трошоци за живот ја намалија продажбата на слатки за Ноќта на вештерките во САД

Трендови | пред 4 дена

media-library1lst7gvjp1ig8RgZfA2

Есенски моден тренд: ресите повторно во центарот на вниманието

Трендови | пред 4 дена

media-library9n9v982j7samaFW6rCl

Три модерни јакни што треба да ги имате оваа есен и зима

Трендови | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања