Германскиот производител на луксузни автомобили Порше објави дека неговиот оперативен профит драстично се намалил од речиси 5,3 милијарди евра во 2024 година на само 90 милиони евра минатата година, главно поради послабата продажба во Кина и зголемувањето на американските царини.Оперативниот профит на Порше за 2025 година, кој ги вклучува и финансиските услуги, изнесува 413 милиони евра, што исто така претставува голем пад во споредба со 5,6 милијарди евра во 2024 година.Вкупните приходи се намалени за речиси 10 проценти на 36,3 милијарди евра, додека оперативната маржа паднала од 14,5 проценти на само 0,3 проценти, пренесува германскиот економски неделник „Виртшафтсвохе“.Фолксваген наведува дека главните причини за слабите резултати се „темелно променетата пазарна средина во Кина, американските царини, побавниот премин кон електрични возила и еднократните посебни трошоци“.Падот на профитот делумно бил ублажен преку започнатата програма за штедење и укинување на околу 4.000 работни места, се наведува во извештајот.Во јануари на чело на Порше дојде поранешниот директор на Мекларен, Михаел Лајтерс, од кого се очекува да ги подобри резултатите на компанијата.Порше и во 2026 година очекува намалување на продажбата, но прогнозира дека оперативната профитна маржа ќе се зголеми на повеќе од пет проценти.Компанијата најавува дека ќе се насочи повеќе кон модели со мотори со внатрешно согорување поради недоволната побарувачка за електрични спортски автомобили во Кина.
