Глобалниот раст на индустријата за вештачка интелигенција создава сериозен притисок врз пазарот на мемориски чипови, што доведува до недостиг на RAM-меморија и раст на цените, предупредуваат аналитичарите.Големите производители на меморија сѐ поголем дел од капацитетите ги насочуваат кон AI-сервери, кои носат значително поголем профит, додека производството на меморија за потрошувачка електроника стагнира.Поради тоа, во текот на 2026 година се очекува поскапување на компјутерите и паметните телефони. Производителите на компјутери со Windows веќе најавуваат зголемување на цените од 15 до 20 проценти, а од Samsung не ја исклучуваат можноста за поскапување на нивните телефони, пренесува „Cult of Mac“.Кога станува збор за Apple, ситуацијата е понеизвесна. Благодарение на високите профитни маржи и долгорочните договори со добавувачите, компанијата има повеќе простор да го апсорбира растот на трошоците без да ги зголеми цените.Apple во последните години не ги зголемуваше почетните цени на iPhone моделите, и покрај инфлацијата и зголемените производствени трошоци.Иако не е исклучено iPhone и Mac уредите да поскапат во 2026 година, аналитичарите оценуваат дека Apple е во далеку поповолна позиција од поголемиот дел производители на Android телефони и PC уреди, кај кои зголемувањето на цените речиси е неизбежно.
