Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Вирално

Една функција во автомобилот може да ја намали потрошувачката и за 26 отсто

Медиасет.мк
пред 3 седмици
media-librarysgfk5147lgugeW3ne5o
unsplash

Многу возачи го исклучуваат старт-стоп системот во автомобилите, но истражување покажува дека неговото користење може значително да ја намали потрошувачката на гориво, особено во услови со чести застанувања.

Системот автоматски го исклучува моторот кога автомобилот ќе застане, на пример на семафор или во сообраќаен метеж, а повторно го активира кога возачот ќе продолжи со возењето.

Американското Друштво на автомобилски инженери (SAE) во 2023 година спровело истражување на четири возила, користејќи три стандардизирани тестови за мерење на потрошувачката. Кај возилата било споредувано возењето со вклучен и исклучен старт-стоп систем.

Во стандардниот градски FTP тест, потрошувачката била намалена за 7,27 отсто со користење на системот. Меѓутоа, во NYCC тестот, кој симулира услови со чести запирања и тргнувања, заштедата достигнала дури 26,4 отсто.

Ефектот бил значително помал при агресивно возење со чести и силни забрзувања.

Резултатите покажуваат дека старт-стоп системот има најголем ефект кога автомобилот често стои со вклучен мотор. Колку повеќе време се поминува во чекање на семафори и во колони, толку е поголем потенцијалот за заштеда на гориво.

На отворен пат, каде што има малку застанувања, придобивката од системот е многу помала.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryttml07c2l6q5diiXbjL

(Видео) Чуварот на слоновите се враќа по неколку години отсуство, а слоновите трчаат директно кон него

Вирално | пред 1 час

218652-680x450-horoscope-wheel-signs

Два хороскопски знака наскоро би можеле да откријат дека партнерот ги лажел

Вирално | пред 16 часа

media-library7bak91evtn166Ju1NOp

Клои Кардашијан откри каков маж сака покрај себе

Вирално | пред 17 часа

media-library1ugcqto1r4godP3wzKs

Овие украсни саксии можат да им наштетат на собните растенија

Вирално | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања