Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Трендови

Еко-Свест: Дрвото можеби греенајевтино и најубаво, но е тивок убиец

Медиасет.мк
пред 5 години
Zagrevanje-na-domovi_Eko-Svest

Поради намалената економска моќ дури три четвртини од населението во земјава се грее или готви на дрва. Во руралните средини дури 95 проценти од населението користи дрва. Ова го нотира Светска банка во еден од Извештаите за зелен раст на државата со поента дека растечкиот тренд на употреба на огревното дрво е меѓу причините за загадувањето на воздухот во Македонија да е едно од најголемите во Европа.

- Изминативе години токму поради ниската економска моќ на граѓаните тие користат дрва како најевтина и најдобра алтернатива за греење на домовите кои исто така не се енергетски ефикасни и со секој друг енергенс нивното загревање би чинело многу пари. Токму емисиите на јаглерод диоксид и на цврстите честички, кои, меѓу другото, се продукт и на навиките за греење на домовите, ја рангираат нашата држава на петто место во Европа според смртноста од загаден воздух, констатираат аналитичарите на Светска банка. Се проценува дека цврстите честички во воздухот се одговорни за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно, но и за илјадници изгубени работни денови, што, пак, претставува економски трошок од 253 милиони евра годишно, еднакво на 3,2% од БДП, велат од Еко-Свест.

Прераната смртност се појавува од кардиопулмонарни заболувања и рак на белите дробови. Во 2011 година нивото на загадување од цврсти честички беше примарно одговорно за 485 нови случаи на хроничен бронхитис, 770 болнички приеми и 15.200 итни посети. Со намалување на ПМ10 и ПМ25 до европските гранични вредности ќе се избегнат повеќе од 800 смртни случаи и многубројни изгубени работни денови, со што ќе се реализира заштеда во здравствени трошоци од 151 милиони евра годишно - стои во извештајот на Светска банка.

Еко-Свест работи на забрзување на енергетската транзиција заради ублажување на климатските промени преку проектот „Промовирање на енергетска транзиција во С. Македонија” финансиски подржан од CEE Bankwatch Network, како и во рамките на проектот „Да зборуваме за климатските промени”, спроведуван од Еко-Свест, ЦНВП Македонија и ДЕМ, финансиран од Европска Унија.

фото: ЕКО СВЕСТ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryh205c0hfl2fs8CaqvRw

Сивата и бордо бојата се најпосакуваниот моден спој оваа есен

Трендови | пред 1 седмица

media-library3i9m15jkmvghe1r82br

Гостите прво ги забележуваат: Три работи што веднаш треба да ги тргнете од кујната

Трендови | пред 2 седмици

media-librarybu3iav7etlrde9mouYV

18 години по култната „Итно ми требаш“, Јован Јованов и Тони Зен ја снимија „Уште ми требаш“

Сцена | пред 3 седмици

media-librarybnq97hl4vmin99qCnpH

Поскапото чоколадо и високите трошоци за живот ја намалија продажбата на слатки за Ноќта на вештерките во САД

Трендови | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања