Медиасет.мк logo
Промени тема
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK
Трендови

Еко-Свест: Со мали нови навики можеме секојдневно да го подобруваме здравјето и квалитетот на воздухот кој го дишеме

Медиасет.мк
пред 5 години
IMG_1022

Во последните години граѓаните на нашата држава не дишат чист воздух, тоа го покажува и извештајот за квалитет на воздух од 2019 година на Европската агенција за животна средина. Маглата во најзагадените градови, а кашлицата станува нормална, респираторните заболувања се нашата секојдневност, велат од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-Свест од Скопје кој веќе 18 години активно работи да ги анимира сите засегнати страни во борбата за остварување на чист воздух.

- Преку нашите анализи ние активно бараме краткорочни и долгорочни мерки од државата кои ќе служат како мапа за тоа како треба да функционираме ние граѓаните на начин кој ќе го подобрува квалитетот на воздухот. Мора да тргнеме од себе, тоа е најважно. Државата е должна да го следи однесувањето и барањата на граѓаните и според тоа да поставува приоритети во нашите политики. Доколку ние почнеме да се стремиме да употребуваме претежно велосипед во нашето движење, самото однесување и тренд ќе побара од државата структура која ќе го поддржи тоа. Доколку ние ги исфрлиме од употреба пластичните пакувања, цевки и слично, индустријата ќе престане да ги произведува, затоа што нема да има потреба или профит од нив. Како граѓани ние ја имаме најголемата моќ во тоа како функционира државата, а заедничката цел која ја делиме е онаа на чист воздух за да живееме достоинствен живот, што значи дека ние мора да земеме активен учество и да воведеме нови навики, изјавуваат од Еко-Свест.

Тие истакнуваат дека во земјава со мали нови навики, ние можеме секојдневно да го подобруваме нашето здравје преку квалитетот на воздухот кој го дишеме, но и здравјето на нашата планета, а тоа значи дека потребно зголемување на свесноста на граѓаните за главните индикатори, последици по здравјето на човекот и животната средина, начин за подобрување и влијание на нивните секојдневни практики врз состојбата со амбиенталниот воздух. Преку нивните кампањи граѓаните се запознаваат со мали и поголеми промени кои може многу лесно да ги направат во нивниот секојдневен живот и со тоа да придонесат многу за состојбата на амбиенталниот воздух.

- Промената на нашето однесување не смее да е нагла и огромна, но може да почнеме од малите работи. Неколку денови во месецот може да употребиме велосипед за да се движиме, да не користиме автомобили во толкава мера. Многу градови во државава се мали и структурата не е наменета за автомобил, и затоа може да пешачиме 30 минути наместо да возиме 10 минути. Нашите пијалаци се исто вкусни и без цевка, а локалното е многу повкусно од увезеното. Наместо да купуваме шишиња со вода може да си понесеме едно реупотребливо, а исто важи и за термос – многу кафулиња имаат иницијатива да ви направат кафе во ваш термос наместо чаша за една употреба. Можеме да реупотребиме многу од нашите отпадоци, а со тоа да не користиме пластика. Овие се мали акти но за кратко време доколку се употребат од многу луѓе ќе значат многу за нашата животна средина, а најмногу за квалитетот на воздух кој го дишеме, додаваат од Еко-Свест.

Еко-Свет континуирано работи на подигнување на свесноста на граѓаните за аерозагадување. Во земјава е потребно зголемување на свесноста на граѓаните за главните индикатори, последици по здравјето на човекот и животната средина, начин за подобрување и влијание на нивните секојдневни практики врз состојбата со амбиенталниот воздух, а тоа се реализира преку проектот „Овозможување на пат кон декарбонизација и заштита на животната средина, финансиран од Делегација на Европската Унија, велат од здружението.

 

фото: Еко-Свест

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarybu3iav7etlrde9mouYV

18 години по култната „Итно ми требаш“, Јован Јованов и Тони Зен ја снимија „Уште ми требаш“

Сцена | пред 3 дена

media-librarybnq97hl4vmin99qCnpH

Поскапото чоколадо и високите трошоци за живот ја намалија продажбата на слатки за Ноќта на вештерките во САД

Трендови | пред 4 дена

media-library1lst7gvjp1ig8RgZfA2

Есенски моден тренд: ресите повторно во центарот на вниманието

Трендови | пред 4 дена

media-library9n9v982j7samaFW6rCl

Три модерни јакни што треба да ги имате оваа есен и зима

Трендови | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања