Нашата позната пејачка Елена Ристеска со емотивни зборови по повод годишнината од трагедијата во кочанската дискотека во која ги изгуби драгите колеги и пријатели…„Година дена после најголемата трагедија во Македонија и сѐ уште не научив како да живеам со овие длабоки лузни, со остра болка во градите и со оваа вечна тага?Сите починати дечиња, сите повредени и живи а со уништени животи, ахх Панчо, Сара, Андреј, Филип, Александар, Жути простете ни на сите што на време не се изборивме да промениме еден систем и дозволивме да нѐ згази и уништи сите: вас како жртви, нас како сведоци. Почивајте во мир! “, напиша Елена.
