Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Филм

Ен Хатавеј и Дакота Џонсон во психолошки трилер: „Verity“ доби филмска адаптација

media-libraryuofscva08itreSkqDcV
screenshot youtube

Филмската адаптација на бестселерот „Verity“ од Колин Хувер доби официјална најава од Amazon MGM Studios, а во главните улоги ќе се појават Ен Хатавеј, Дакота Џонсон и Џош Хартнет.

Психолошкиот трилер ја следи младата писателка Ловен Ешли, која добива необична задача – да се пресели во домот на познатата авторка Верити Крафорд и да го доврши нејзиниот последен роман.

Верити по несреќа останува во состојба на несвест, а Ловен пристигнува на имотот за да работи како писателка во нејзино име. Но таму наидува на вознемирувачки автобиографски записи што откриваат мрачни детали од животот на Верити и нејзиниот сопруг Џереми.

Како што продолжува да ги чита записите, Ловен сè потешко ја разликува вистината од фикцијата, а границата меѓу манипулацијата, привлечноста и опсесијата станува сè понејасна.

Ен Хатавеј ја толкува Верити Крафорд, додека Дакота Џонсон ја игра Ловен Ешли. Во улогата на сопругот на Верити, Џереми Крафорд, е Џош Хартнет. Во актерската екипа се и Исмаел Круз Кордова и Брејди Вагнер.

Филмот „Verity“ е адаптација на романот од 2018 година, кој стекна голема популарност, особено преку BookTok. Премиерата е најавена за 2 октомври.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Филм

Сите →
media-librarye4rr60p1ilp1bd3s3qW

Заврши снимањето на „Слушни ме“ – филмот за животната приказна на Слаткаристика со гласна порака

пред 1 ден
media-libraryoqns2sgjjpmo13Eg85E

По триумфот во Токио, ново признание за Манчевски во Белград: Филмот „Сестра, брат и шахта“ ја освои публиката

пред 2 дена
media-librarycbnh1d2epppp6dTR84A

Се враќа хит-криминалистичката серија „MobLand“: Почна снимањето на третата сезона

пред 3 дена
media-librarybtu4mm4bpmu44xAIrOO

(Видео) Од тениските терени во Холивуд: Новак Ѓоковиќ глуми во популарна комедија заедно со Роберт де Ниро и Аријана Гранде, филмот излегува на 25 ноември

пред 6 дена
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања