Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK
Филм

Се враќа хит-криминалистичката серија „MobLand“: Почна снимањето на третата сезона

media-librarycbnh1d2epppp6dTR84A

Снимањето на третата сезона на популарната криминалистичка серија „MobLand“ официјално започна, а во актерската екипа повторно се враќаат Том Харди, Хелен Мирен и Пирс Броснан.

Том Харди повторно ќе го толкува Хари да Соуза, човекот задолжен за решавање на најчувствителните проблеми на моќното криминално семејство Хариган. Хелен Мирен и Пирс Броснан повторно ќе ги играат Мејв и Конрад Хариган, предводниците на оваа криминална династија, пренесува „Варајети“.

Почетокот на снимањето доаѓа по шпекулациите дека Харди би можел да ја напушти серијата поради наводни несогласувања со продуцентот Дејвид Глејзер и сценаристот Џез Батерворт. Се појавија тврдења дека актерот доцнел на снимањата и барал измени во сценариото.

Сепак, како што претходно објави американскиот медиум, информациите за неговото заминување биле предвремени. Продуцентите, меѓу кои и Гај Ричи, сакале Харди да остане дел од серијата, а несогласувањата во меѓувреме биле надминати.

Глејзер на премиерата на втората сезона во Лондон особено го пофалил Харди, нарекувајќи го „капетан на нашиот брод“ и истакнувајќи дека актерот останал со серијата до самиот крај.

Покрај главната тројка, во серијата играат и Педи Консидин, Џоана Фрогат, Лара Пулвер, Ансон Бун, Мандип Дилон, Џони Флин и Тоби Џонс.

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Следно во Филм

Сите →
media-libraryustfk53ejij34pTEgo9 ВИДЕО

(Видео) Во овој град Сонцето нема да изгрее до 23 јануари 2027 година: Како изгледа животот во поларна ноќ?

пред 25 минути
media-librarydtqajrk79vud9rThc25

Шкода со рекорден резултат на Euro NCAP, Нисан Лиф доби само четири ѕвезди

пред 40 минути
media-libraryj3cgrut7r8ai9LGgr2h

Мајли Сајрус организираше предсвадбена вечера, објавени фотографии од прославата

пред 10 часа
277910494_401685251332515_2272275829076403867_n

Лозано најави седум настапи во САД и голем солистички концерт во Скопје

пред 16 часа
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања