#ТРЕНД

Џенифер Лопез ја обновила врската со Бен Афлек пред првпат да биде фотографиран во нејзиниот дом

Објавено на

Американската компанија за електронска трговија Amazon.com Inc го купи MGM, легендарното американско филмско студио и дом на серијалот за Џејмс Бонд, за 8,45 милијарди долари.

Со оваа инвестиција „Амазон“ добива огромна библиотека со филмови и ТВ-емисии и ја зајакнува конкурентноста со стриминг-ривалите предводени од „Нетфликс“ и „Дизни плус“.

Договорот има цел да го зајакне студиото на „Амазон“, кое мометално е фокусирано на телевизија, со нови и историски филмови од Ем-џи-ем (MGM), кое има откупено многу профитабилни серијали вклучувајќи ги „Роки“ и „Томб Рајдер“ од неговото основање во 1924 година.

Стриминг-видеото им помага на најголемите светски трговци на мало да привлечат луѓе да се претплаќаат на „Прајм“, клуб со брза испорака, и да купуваат повеќе откако ќе станат негови членови.

Со оваа инвестиција „Амазон“ покажува дека сака да остане конкурентен на пазарот на стриминг-платформи. „Нетфликс“, „Дизни плус“ и другите стриминг-услуги инвестираат илијарди долари за да ги наполнат своите библиотеки со нови содржини во борбата за повеќе претплатници.



Трендинг

Exit mobile version